Инструктори од Велика Британија ги обучуваат пехчевските пожарникари ,,Пехчево” / Фото: МИА

Британски инструктори ги обучуваат пехчевските пожарникари

Сертифицирани инструктори од Велика Британија, три дена ќе ги обучуваат членовите на Доброволното противпожарно друштво ,,Пехчево”. Обуката ја спроведува тим од организацијата “Операција Флоријан” од Велика Британија, која е добро позната во Источниот регион по неколку десетина донации во возила и опрема за противпожарните служби.

-Денеска е прв ден на тридневната обука на членовите на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, која ја спроведува тимот од оваа организација од Велика Британија. Овој пат британскиот тим волонтери, предводен од проектниот раководител Стив Џордан, дојде во Пехчево да обезбедат обука за членовите на ДПД Пехчево за ефикасно справување со пожари и други катастрофи, информираше Марјан Митриновски, член на ДПД Пехчево.

Тој заедно со неговите колеги очекува збогатување на искуствата во поглед на поефкасни дејствување во случај на пожари.

-Се работи за волонтери од сите нивоа на противпожарната и спасувачка служба на Обединетото Кралство и други организации за итна поддршка. Сите тие имаат богато искуство и експертиза, која се надеваме и тоа како ќе ни биде од полза, додаде Митриновски.

Обуката се реализира по потпишаниот Меморандум на Општина Пехчево и претставници од Операција Флоријан, кои претходно на единицата од Пехчево и донираа противпожарно возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот