Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Бретон: ЕУ ќе одвои 16 милијарди евра за вселенски истражувања

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон најави дека во следниот буџет на Европска Унија ќе бидат одвоени 16 милијарди евра за вселенски истражувања.

– ЕУ ќе вложи повеќе пари во лансирање на ракети, сателитската комуникација и истражување на Вселената, со цел да ги зачува своите успеси во Вселената и да биде во чекор со американските и кинеските амбиции, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар Бретон.

Во изминатите децении ЕУ се обидуваше да изгради независен пристап за Вселената, како што се ракетите Аријана или сателитот Галилео, што е „ривал” на ГСП.

Најновото појавување на американскиот конкурент „Спејс икс” и неговите ракети за повеќекратна употреба, како и брзиот напредок на Кина, вклучително и првото слетување на темната страна на Месечината, ги поттикнува европските амбиции.

– Вселената е една од силните точки на Европа и даваме средства за нејзино забрзување, истакна Бретон, под чија надлежност е и вселенскиот сектор.

ЕУ првпат ќе потпише договор на една милијарда евра со „Аријанаспејс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот