Фото: Горан Бреговиќ / EPA/MARTIAL TREZZINI

Бреговиќ се прости од колегата од „Бијело дугме“: Тој беше единствениот фин дечко меѓу нас

Музичарот Горан Бреговиќ, кој важи за водач на легендарниот рок состав „Бијело дугме“, се прости од клавијатуристот на групата – Владо Правдиќ.

„Тој беше единствениот фин дечко меѓу нас. Жал ми е. Почивај во мир…“ стои во објавата на Бреговиќ на Фејсбук.


Да потсетиме, Владо Правдиќ почина синоќа во хрватскиот град Сплит. Тој почина во пресрет на својот 74. роденден, кој требаше да го прослави на 6 декември, а последните неколку месеци се бореше со тешка болест.

Правдиќ ја започнал својата музичка кариера во 1965 година, во групата „Вокинс“, а потоа свирел со групата „Кост“ до 1970 година. Неговата следна „станица“ била групата „Амбасадори“ (1971), па преминал во „Индекси“, каде со мали прекини свирел сѐ до есента 1973 година.

Потоа се спријателил со Горан Бреговиќ, со кого првично свиреле во групата „Јутро“, а потоа го основале „Бијело дугме“. Во есента 1976 година, тој бил заменет со Лаза Ристовски, а две години подоцна повторно се вратил во групата, за повторно да ја напушти музичката сцена во 1987 година.

Почина Владо Правдиќ, поранешниот клавијатурист на „Бијело дугме“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот