EPA-EFE/IAN LANGSDON

Бразилецот тргна во „војна“, Нејмар не се појави на тренингот на ПСЖ

Бразилецот Нејмар се чини дека започна отворена војна со својот клуб, ПСЖ кој не сака да му ја исполни желбата и да го пушти да се врати во Барселона. Тој не се појави на денешниот тренинг како што беше договорено со управата, која пак најави дека ќе преземе „соодветни акции“ поради отсуството на фудбалерот.

„Овој понеделник, на 8 јули, Нејмар да Силва јуниорс имаше обврска да се појави како би ги започнал активностите со првиот тим на ПСЖ. Клубот може да потврди дека Нејмар не се појави на договореното место во закажаното време иако немаше одобрение од клубот. ПСЖ го осудува ваквото однесување и жали поради настанатата ситуација и ќе преземе предивдени мерки“, стои во соопштението на клубот.

Каталонските медиуми шпекулираат дека Нејмар, наместо во Париз, тој е во Барселона каде разгледува куќи и станови во кои сака да престојува по потписот со шпанскиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот