фото: mtftennis.mk

Браво за Лина Ѓорческа: Македонската тенисерка го освои фјучрсот во Романија

Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот W50 во романскиот град Слобозија што се играше за награден фонд од 40.000 долари. Македонската тенисерка во финалето ја совлада домашната тенисерка Елена Бертеа со 2-1 во сетови за 2 часа и 15 минути игра.

Во првиот сет до резултатот 3:3 во гемови немаше брејк, а потоа домашната тенисерка со два брејка го освои сетот и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бертеа водеше со 3:1 во гемови, но тука почнува пресвртот на Лина Ѓорческа која освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:3 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет македонската тенисерка поведе со 4:2, но Бертеа изедначи на 4:4. Сепак Ѓорческа успеа да ги добие следните два гема и го доби сетот со 6:4 за конечни 2-1 во сетови.

фото: mtftennis.mk

Ова за Ѓорческа е вкупно 15.та титула во поединечна конкуренција, а го играше 39.то финале. Македонската тенисерка има и 47 титули во конкуренција на двојки.

Првата турнирска победа ја имаше на турнир во Куршумлијска Бања, а ова и беше трето финале во низа на последните три турнири на кои претходните два финални меча ги загуби.

За победата на турнирот во Слобозија, Ѓорческа освои 50 поени и ќе напредува на ВТА листата. Ѓорческа следната недела ја очекува настап на турнир во Букурешт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот