Ружа Игњатова и братот Константин/Фото: Инстаграм

Братот на Ружа Игњатова живее скромен живот во Софија: Немам ламборџини, се возам со метро, колата ми е расипана

Откако американскиот Стејт Департмент објави награда од 5 милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на криптокралицата со бугарско потекло Ружа Игњатова, во бугарската јавност се повеќе се говори за нејзиниот брат Константин кој пред неколку месеци од САД каде лежеше во затвор се врати да живее во Софија.

„Имам карта за јавен превоз, се возам со метро, ​​немам Ламборџини, возам обична кола стара 15 години, која е расипана веќе месец и половина, но тврдоглаво одбивам да ја поправам“, изјави во интервју за NAYcast Константин Игњатов, чија сестра Ружа, исчезна во 2017 година заедно со 4 милијарди долари акумулирани од наивноста на луѓето ширум светот.

Игњатов, кој исто така беше обвинет за пирамидалните шеми „ONE COIN“ и одлежа 3 години во два државни затвори па призна дека зад решетки во Америка ја доживеал личната катарза.

„Благодарение на книгите, го открив значењето на движењето напред. Во затворот многу ја читав Библијата и правилата на бугарската граматика. Почнав да учам јазици – веќе знам пет. Моето најново задоволство е читањето на руски. Повторно го открив Достоевски. Ми се чини дека сите жени кои ми пишуваат, нивниот правопис е целосна катастрофа“, размислува Константин.

Младиот човек искрено споделува дека ја сфатил својата грешка во довербата на членовите на неговото семејство.

„Со своите постапки повредив многу луѓе, за кои бескрајно ми е жал, но не можам да го вратам времето назад“, искрено признава Игњатов.

Братот на Ружа отсекогаш соработувал со американските власти и не ги криел од нив начините на функционирање на финансиската пирамида. Поради целосните признанија што ги дал, Константин бил осуден на само три години затвор. Ваквите мали казни се исклучок во САД, особено кога станува збор за финансиски криминал од оваа големина.

„После се вратив во Бугарија, ми се допаѓаат луѓето овде. Сега животот ми е поинаков – станувам во 5 часот наутро да вежбам. Имам куче, го шетам. Потоа почнувам со работа, добивам нормална плата и работам 8 саати на ден. Почнувам пак да го градам животот. На моменти ми е тешко, но таква ми е судбината. Бугарија можеби не е блескава, но за мене е вистинска. Во Германија кадешто поминав голем дел од својот живот, е средено, но луѓето се ладни. И гледаат на тебе како на личност од втор ред. Многу од моите пријатели имаат претстава дека во Бугарија живееме во пештери“, вели Константин.

Вчера американската влада објави нова награда до 5 милиони американски долари за информација што ќе доведе до апсење или осуда на Ружа Игнатова.

Ружа Игнатова е барана низ целиот свет и е една од најголемите финансиски криминалци во бугарската модерна историја. Последен пат била видена жива во 2017 година, кога фатила авион од аеродромот во Софија за Атина.

Бизнисменката, наводно, била информирана од инсајдер дека ќе биде на меѓународна потерница па од 2017 година и се губи трагата.

44-годишната бугарско-германска претприемачка исчезна со повеќе од 4 милијарди долари, заработени преку понзи-шемата „ONE COIN“ – пирамидална измама во која се вклучија многу луѓе од целиот свет за да ги симнат од тронот сите други клиптовалути.

„Брзиот стремеж за збогатување ги натера луѓето да инвестираат во пирамидата на Ружа. Таа им вети нераскажани богатства за многу кратко време“, рече истражувачкиот новинар Николај Стојанов, кој е можеби единствениот новинар во Бугарија кој успеал лично да разговара со Игнатова. .

Стојанов е автор на аудио-серијалот „OneCoin – Жената што го измами светот“, како и на книгата со истиот наслов.

„Можам да им дадам еден совет на младите – брзо ослободете се од социјалните мрежи. Таму ништо нема да научите. Нема да можете да стекнете вредности“, порачува Константин на новите генерации.

Каде се крие бугарската крипто кралица – Ружа со променет изглед плови на јахта на Медитеранот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот