Ограбената златарница во Бјеловар / фото: Google Maps / Павле Миљовски

Брат и сестра од Хрватска со лажна бомба ограбиле златарница, однеле накит вреден 135.000 евра

27-годишен Хрват и неговата една година постара сестра денеска се осудени на три и пол, односно три години затвор за „филмскиот“ вооружен грабеж на златарница во Бјеловар извршен минатото лето, објави Жупанискиот суд во хрватскиот град, според ХРТ.

Тие го извеле дрскиот грабеж на 29 јуни лани околу 8 часот наутро, кога упаднале во златарница на словенечката „Златарна Целје“ во Бјеловар. Братот извадил воздушен пиштол, принудувајќи ја вработената во златарницата да му ги даде клучевите од витрините во кои било изложен накитот. Неговата сестра потоа ги зела клучевите и ја одвела работничката во магацински простор, каде ја заклучила. Друга вработена била принудена да го исклучи алармот.

За тоа време, младиот човек од витрините собрал големо количество златен и сребрен накит и часовници во вкупна вредност од 133.590 евра. Неговата сестра од чантата извадила камера и „уред со механизам со часовник кој наликувал на темпирана бомба“, кажувајќи им на работничките дека се работи за бомба која ќе се активира доколку повикаат полиција.

Крадците потоа побегнале со пленот, а братот стигнал до Германија, каде успеал да ги продале украдените накит и часовници, но за сума од само 20.000 евра, кои подоцна ги поделил со сестрата-соучесничка, пренесуваат локалните медиуми.

На судењето семејните разбојници се покајале, а девојката рекла дека итно ѝ требале парите за да врати позајмица. Судот пресуди и дека осудените треба да ѝ вратат на оштетената трговска компанија „Златарна Целје д.о.о.“ 133.590 евра.

Пресудата не е правосилна и обвинетите имаат право на жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот