
Брачниот бродолом на ѕвездата на Манчестер Јунајтед: „Тарот-карти, кристали, бизарни цитати… Повеќе не можеше да издржи!“
Поранешната сопруга на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Матис де Лихт, сè подлабоко навлегува во духовниот свет, и покрај тврдењата дека токму тоа го уништило нивниот брак, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Анки де Лихт има свој бренд под името „Алхемија на Анки“ и редовно на Инстаграм објавува фотографии со кристали, тарот-карти и афирмативни цитати.
Уште во јули се дозна дека во нивниот брак настанале сериозни проблеми поради нејзиниот начин на живот. Де Лихт наводно повеќе „не можел да ја поднесе претераната духовна содржина“ на Анки.
Двојката се венчала во јуни 2024 година, по повеќегодишна врска која започнала уште во времето кога Де Лихт бил тинејџер и играл за Ајакс, а продолжила и откако тој премина во Манчестер Јунајтед.

Сепак, стилот на Анки не требало да биде изненадување, бидејќи уште пред запросувањето таа споделувала содржини со кристали, енергија и езотерични интереси. Но, интензитетот значително се зголемил во последните месеци, особено откако го лансирала својот бренд „Алхемија на Анки“.
Во март годинава Анки завршила курс во „Бах центарот“, организација која ја следи практиката на британскиот доктор Едвард Бах, познат по верувањето дека болестите потекнуваат од негативни ментални состојби.
Иако летово било планирано големо славје за првата годишнина од бракот во Италија, настанот бил ненадејно откажан.