Божиновска се сретна со директорите на државните енергетски компании

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа работна средба со директорите и дел од раководството на АД МЕПСО, АД ЕСМ и Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. Ова е прва заедничка работна средба меѓу раководството на овие три најголеми државни претпријатија од областа на енергетиката и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, која во иднина ќе се одржува на месечно ниво.

„Божиновска на средбата ја истакна важноста од редовни средби и координација со челните луѓе на овие три државни претпријатија. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини дава силна поддршка и вложувања во донесувањето и имплементацијата на сите позитивни практики во доменот на енергетиката и врши усогласување со европските регулативи како дел од законодавниот пакет“, пишува во соопштението од министерството.

„На состанокот се разговараше за состојбата во овие три државни претпријатија, мерките и активностите што ги преземаат за надминување на затекнатата лоша состојба, како и за плановите за подобрување и иден развој. На состанокот беа изнесени и предлози за подобрување на работните процеси во насока на унапредување и развој на енергетскиот сектор во земјата. Министерката Божиновска беше подетално информирана за затекнатите проекти во овие три претпријатија, за ревизијата на истите, која е во тек, како и за финансиските обврски што секое од овие три претпријатија ги има до крајот на годината. Се разговараше за плановите за претстојната сезона и мерките што се преземаат за да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија на граѓаните“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот