Фото: Министерство за за енергетика, минерални суровини и рударство

Божиновска: Целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција

Енергетската транзиција е приоритет за Владата, а целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција, порача министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска, во обраќање на панел на настанот за презентација на резултатите од мониторирањето на квалитетот на воздухот во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Настанот, претставува значаен чекор кон заедничките напори за подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на животната средина во земјава.

-Декарбонизацијата и диверзификацијата на обновливите извори се клучни цели во процесот на зелена транзиција. Во оваа насока, продолжуваме да ги прошируваме капацитетите за обновлива енергија, преку инвестиции во фотонапонски електрани и ветерни паркови. Исто така, Министерството развива политики за искористување на други извори на енергија, како биомаса, биогас и геотермална енергија, со цел да ја искористиме целосната енергетска потенцијалност на нашата земја, рече Божиновска.

Таа истакна дека целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција.

-Гасификацијата ќе овозможи значителни придобивки за општините во однос на намалувањето на загадувањето на воздухот и ќе овозможи изградба на когенеративни електрани, кои ќе бидат носечки извори на базна енергија во наредните децении. Преку гасни интерконектори со Грција, Србија и Косово, Македонија ќе го зајакне својот енергетски капацитет и ќе ја зајакне својата позиција во Југоисточна Европа, придвижувајќи се кон целосна енергетска независност, посочи Божиновска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот