Босанските банки ги дерат граѓаните со провизии кога плаќаат со картички

Финансиите се толку дигитализирани што, на пример, во нордиските земји, готовината не е потребна за купување. Доволно е да имате платежна картичка или паметен телефон со вас за да платите нешто. Токму нордиските земји се на пат кон остварување иднина без готовина, додека многу деловни субјекти во Босна и Херцеговина сè уште не нудат можност за плаќање со картички.

Според директорот на Здружението на работодавачи на ФБИХ, Марио Ненадиќ, граѓаните и компаниите се недоволно информирани и сметаат дека плаќањето со картички е голем деловен трошок за нив. За Јасмин Мариќ, претседател на здружението за интернет трговија eКомм, вели дека анализата на причините за бавното воведување на безготовински плаќања, открива зошто дигитализацијата е исклучително бавна, а таа е клучна во борбата против сивата економија, пишува Кликс.ба.

„Главната причина зошто голем број деловни субјекти сè уште не дозволуваат плаќања со картички, односно плаќање преку терминали, е високата цена на услугата. За многу мали продавници, занаетчии, па дури и угостители, провизијата што треба да ја платат на банката за секоја трансакција е голем товар за веќе скромните маржи“, оцени тој.

Провизиите за плаќања со картички во Босна и Херцеговина често се во опсег од 1,5 до дури 3,5 проценти по трансакција, со дополнителни фиксни месечни надоместоци. За споредба, во повеќето земји од ЕУ постои регулатива што ги ограничува менувачките провизии на 0,3 проценти за кредитни картички и 0,2 проценти за дебитни картички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот