БОСАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ОД БАБА ЗАПЛЕНИЛЕ бели пакетчиња и вага: Мислеле дека е ДРОГА, но се ИЗБЛАМИРАЛЕ! (ФОТО)

Не е редок случај полицајците да направат голема грешка, но се чини дека овие припадници на босанската полиција малку повеќе ја утнаа работата.

Тие заплениле херметички спакувано сирење мислејќи дека станува збор за дрога. Поточно при претрес на една семејна куќа во општина Тешањ во БИХ, по грешка одзеле вага и сирење.

Вагата била прецизна, тука бил и апаратот за вакумирање и херметичко затворање, како и девет килограми спакувано кравјо сирење.

Сето ова ги навело припадниците на КРИМ полицијата да помислат дека е во прашање дрога, па сите наведени работи при претресот ги заплениле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот