
Борзаш: Дуелот против ПСЖ е празник за луѓето во Битола
В четврток на 6 март ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат својот последен натпревар оваа сезона во ЕХФ Лигата на шампионите.
Препорачано
Македонскиот првак ги загуби шансите за пласман во плеј-офот, во Битола од 20.45 часот доаѓа ПСЖ кој пак се бори за второто место во групата А кое обезбедува директно место во четвртфиналето.
– Оставаме зад нас тежок период. Мислам дека бевме добри, ги победивме важните натпревари против Алкалоид, Охрид и Динамо Букурешт. За жал се испостави дека нема да ја поминеме групата во Лигата на шампионите. Дуелот против ПСЖ в четврток е празник за луѓето во Битола, бидејќи ни доаѓа една од најдобрите светски екипи. Треба да се покажеме во вистинско светло, да дадеме максимум како и на сите натпревари досега и да се обидеме да победиме. Знаеме дека ПСЖ ќе дојде мотивиран во Битола, бидејќи важно им е да завршат второпласирани во групата и директно да се пласираат во четвртфинале. Ќе дојдат во најсилен состав и со мотив да победат – вели играчот на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш.
Голманот на Еурофарм Пелистер Филип Ивиќ ветува дека тимот ќе го остави срцето на теренот против францускиот гигант.
– Натпреварот нема големо значење, но морама да го оставиме срцето на терен, посебно заради прекрасната публика која ни дава поддршка цела сезона. Еве пак е распродадена салата за натпреварот против ПСЖ, што е убаво да се чуе. Сезонава играме многу добро во Лигата на шампионите, собравме осум бодови, така да ветувам дека ќе оставиме срце на терен. ПСЖ е една од најдобрите европски екипи против која сум играл многупати многупати – се зборовите на Ивиќ.