Фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Борусија Дортмунд брзо го избра наследникот на Терзиќ?

Денеска Един Терзиќ ги изненади фановите на Борусија Дортмунд со потврдата дека заминува од клубот, а многу брзо се појавија и фаворитот за негов наследник на клупата на „милионерите“.

Според пишувањата на „Билд“, раководството на Борусија Дортмунд веќе одлучило да го именува Нури Сахин за нов тренер. Во Борусија наводно не сакале да трошат премногу време и спремни се да му дадат шанси на Сахин кој досега ја имаше улогата на помошник на Терзиќ.

Сахин остави голема трага како играч во Борусија, а во јануари се врати и стана дел од тимот на Терзиќ. Единствената работа како главен тренер Сахин досега ја имаше на клупата на Анталијаспор.

Тој одлично се разбира со фудбалерите, знае како да ги мотивира, а поради неговата минато со Борусија Дортмунд, има одличен однос и со навивачите.

Терзиќ поднесе оставка, Борусија Дортмунд ќе бара нов тренер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот