Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Борисов: Моето трпение е при крај

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, најави дека трпението му е при крај во однос на прашањето дали има тензии во владејачката коалиција. Повод за прашањето беше барањето на ДПС-Доган да го смени претседателот на коалицискиот совет Костадин Ангелов. Од партијата на Доган пред неколку дена соопштија дека советот во кој треба да се носат одлуките не функционира најдобро.

„Сакаме сè да биде транспарентно и да се почитуваат клаузулите во самиот договор што го потпишавме. Тој многу јасно регулира како ќе се спроведува кадровската политика во администрацијата. Не врз основа на принцип на квоти, туку се предвидува персоналот да биде заснован на висока доверба кај јавноста, висок професионализам и независност“, рече Џевдет Чакаров.

Набргу потоа Борисов прогнозира дека владата нема да падне бидејќи никој немал интерес тоа да се случи. Според неофицијални информации, незадоволството кај доганистите настанало откако три недели не биле именувани нивните тројца кандидати предложени за заменици-министри.

Во петокот, лидерот на ГЕРБ објави дека неговото трпение одамна е исцрпено.

„Според мене, владата и мнозинството треба да бидат како тим. Затоа што јасно кажавме дека за регулаторите, за буџетот, не сакаме поддршка од ДПС-Нов почеток, или мора да има такво мнозинство заедно со „Сојузот за права и слободи“ што ќе ги прифати овие работи, или едноставно нема да бидат прифатени“, рече тој.

Борисов изјави дека не се согласува Ангелов да биде сменет. Лидерот на ГЕРБ ја повика БСП јавно да ја брани кандидатурата на поранешниот вршител на должноста министер за иновации Росен Карадимов за шеф на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во спротивно, ГЕРБ не би гласала за него.

ПП-ДБ пред неколку дена се псомневаше дека Карадимов е поврзан со лидерот на ДПС-Нов почеток, Дељан Пеевски. Борисов рече дека последен пат го видел Карадимов пред повеќе од 15 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!