фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Борг: Новак Ѓоковиќ сака да ги урне сите рекорди во историјата на тенисот

Легендарниот шведски тенисер Бјорн Борг изјави дека Србинот Новак Ѓоковиќ би можел да освои уште еден или два Грен слем турнири, пренесува „Еуроспорт“.

Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал го делат првото место на вечната листа со по 22 освоени Грен слем трофеи. Ѓоковиќ моментно е на врвот на АТП листата, додека Надал е деветти тенисер во светот. Шпанецот ќе испадне од ТОП 10 најдобри светски тенисери за првпат по 18 години на следната АТП листа која ќе биде објавена на 20 март.

– Мислам дека Надал со години нема да биде во Топ 10. Но, мислам дека е многу среќен. Можеби неговото тело не е 100 отсто подготвено, но сепак сака да игра – изјави Борг.

Поранешниот шведски тенисер е убеден дека Ѓоковиќ ќе освои уште неколку Грен слем трофеи.

– Ѓоковиќ би можел да освои уште една или две грен слем титули. Кој знае? Но, тоа не го прави за себе, туку за тенисот и медиумите. Неверојатно, Новак ги поместува границите. Тој сака да биде најголем – додаде Борг.

Борг повтори дека Ѓоковиќ е фантастичен тенисер.

– Ѓоковиќ сака да ги собори сите рекорди во историјата на тенисот. Тој е фантастичен играч. Кога тие момци се во тенисот, никогаш не се знае што може да направи Рафа, можеби ќе игра уште една година. Ѓоковиќ ќе игра уште неколку години – се зборовите на Борг.

Борг (66) во кариерата се закити со пет титули на Вимблдон, шест пати триумфираше на Ролан Гарос, а никогаш не ги освои Австралија Опен и УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!