Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Борел: Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на ЕУ

Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на Европската унија (ЕУ), изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Борел ова го изјави по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ одржан во Брисел.

Тој додаде дека руската нуклеарна закана е неодговорна.

„Тоа не е прв пат тие (Русите) да се закануваат со нуклеарна ескалација, што е целосно неодговорно“, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ пред средбата изјави дека Европејците треба да го следат примерот на САД и да дозволат напади на територијата на Русија со ракети со долг дострел, кои ги испраќаат до украинските сили.

„Се надевам дека сите земји-членки ќе ја следат американската одлука. Убеден сум дека тие (Европјаните) ќе го следат примерот на САД и ќе им дозволат на Украинците да го користат тоа оружје за да се борат со Русите на територијата на Русија“, рече Борел.

Франција ги снабдуваше Украинците со ракети земја-воздух од среден дострел „Скалп“, не исклучувајќи ја можноста тие да бидат употребени на руска територија. Франција, меѓутоа, никогаш не потврди дали таквите напади веќе биле извршени, ниту колку проектили биле испорачани на Киев.

Берлин, пак, досега одбиваше да му достави на Киев ракети Таурус од германско производство, со дострел од 500 километри, поради страв од интензивирање на конфликтот со Русија.

„Ништо не се промени“ во ставот на Германија, изјави денеска министерот за одбрана Борис Писториус по пристигнувањето во Брисел.

Борел, кој се повлекува во декември, ќе биде заменет од поранешната естонска премиерка Каја Калас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот