Фото: МИА

Борел го испофали Османи: Европа го познава како лидер кој испорача резултати

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел преку видео порака го оцени во највисоки суперлативи кандидатот на Националната алијанса за интеграција за општина Чаир, Бујар Османи – неговото лидерство и посветеност.

Обраќајќи им се на жителите на Чаир, Борел истакна дека е многу задоволен што имал можност да соработува со Османи.

„Големо задоволство е за мене да говорам за човек со кој тесно соработував повеќе години. Како министер за надворешни работи на Северна Македонија и како претседавач на ОБСЕ, тој покажа лидерство, визија и длабока посветеност кон дијалогот и соработката“, рече Борел.

Во својата порака Борел потенцира дека бил особено импресиониран од способноста на поранешниот шеф на дипломатијата Османи да слуша, да гради мостови и да наоѓа решенија. Особини кои, според Борел, се клучни не само во дипломатијата, туку и во локалното управување.

„Знам колку силно верува тој во спроведувањето на ветувањата на Европа на локално ниво. Неговото искуство со европските институции ќе му помогне на Чаир да има корист од европските фондови и можности, за подобра инфраструктура, подобар образовен систем, повеќе работни места и подобри услуги“, истакна Борел.

Тој потсети дека Европа познава Османи за лидер кој реализира.

„Верувам дека жителите на Чаир ќе го препознаат како градоначалник кој слуша, кој обединува и кој носи напредок за секој жител. Го подигна гласот на својот народ на меѓународната сцена. Сега си подготвен да ја донесеш истата посветеност на улиците и во населбите на Чаир. Поздрав од Сантандер и ти посакувам успех во оваа важна мисија“, заклучи Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот