Жосеп Борел / Фото EPA-EFE/WU HAO

Борел доставил предлог до Советот на ЕУ за користење на приходите од блокираните руски средства

Денеска го претставив мојот предлог за усвојување одлука на Советот на ЕУ за искористување на неочекуваните приходи од руските блокирани средства за поддршка на Украина во нејзината борба за надмоќ, објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

– Деведесет проценти ќе бидат распределени преку Европскиот мировен фонд, а 10 отсто преку Буџетот на ЕУ, наведе Борел во објава на Икс.

Тој натаму нагласува дека со нетрпение очекува ваквиот предлог да биде што побрзо усвоен од страна на лидерите на ЕУ.

– Ова ќе го покаже единството и посветеноста на ЕУ за поддршка на Украина и нејзиниот народ, додава Борел во објавата.

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат утре и задутре во Брисел. Една од темите на Самитот на ЕУ е и состојбата во Украина и поддршката на Унијата за земјата во справувањето со руската агресија.

Се проценува дека на овој начин би се обезбедиле околу три милијарди евра годишно дополнително финансирање за поддршка на Украина.

Во земјите од Г7, ЕУ и во Австралија се замрзнати околу 260 милијарди евра средства на руската Централна банка, главно во форма на хартии од вредност и готовина, од кои над две третини се во држави од Унијата.

Голем дел од средствата се замрзнати преку клириншката куќа „Еуроклиар“ со седиште во Белгија, која соопшти дека лани од овие блокирани суми се остварени околу 4,4 милијарди евра профит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!