Фото: Слободен печат

„Бора воопшто не е добро, се молам на Господ, но…“: Нови детали за здравјето на рокерот, тажни вести од Словенија

Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (71), попознат како Бора Чорба, беше приклучен на кислород, а вчера и на респиратор, откако неговото здравје значително се влошило.

Оваа вест е за српски „Ало!“ откри неговиот менаџер Бане Обрадовиќ.

– Бора во моментот е на респиратор поради компликации предизвикани од хронична опструктивна болест на белите дробови. Се надеваме на подобри вести во наредниот период – рекол менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ, а сега се огласи и блискиот пријател на Бора, Гале  од групата „Кербер“, кој откри дека и самиот се слушнал со Бане и дека состојбата на Бора воопшто не е добра.

– Се слушнав денеска со неговиот менаџер. Бора не е добар, воопшто не е добар. Не би ја отворал премногу таа приказна, не гледам како би можел да се опорави. Тој е навистина голем борец, ние сме добри пријатели. Не можев да дојдам до него, навистина е болен, во болница е, во Словенија. Нема позитивни вибрации дека тоа ќе излезе на добро – рекол Гале за српските медиуми и додал:

– Се надевам и му се молам на Бога, но не е добро… Не се озборувања, ниту претерувања… Нашиот Бора навистина не е добро – искрен бил Гале, кој бил на работ на солзи.

Да потсетиме, Бора Ѓорѓевиќ има проблеми со белите дробови, а состојбата значително му се влошила. Фронтменот на „Рибља чорба“ пред пет дена е задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.

„Моето тело испратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“: Бора Ѓорѓевиќ се бори за живот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот