
„Бомба“ во мак-фудбалот: Давид Бабунски го засили Вардар!
Македонскиот фудбалер Давид Бабунски и официјално е нов фудбалер на Вардар, откако денеска беше потврдена неговата соработка со скопскиот прволигаш. Искусниот играч стави потпис со „црвено-црните“ и за него ова ќе биде прв клуб на домашната сцена.
Препорачано
Со ангажманот на Бабунски, Вардар добива големо засилување во средниот ред и дополнителен квалитет во борбата за самиот врв на табелата. Тој доаѓа без финансиска отштета, по истекот на договорот со шкотскиот Данди јунајтед, каде што настапуваше во изминатата сезона.
Кариерата Бабубнски ја започна академијата на Барселона, по што следуваа настапи за Црвена Звезда, Јокохама Ф. Маринос, Омија Ардија, Ботошани, Виторул Констанца, Дебрецен и Мезоковешд.
За сениорската репрезентација на Македонија има запишано 18 настапи, а претходно играше и за сите младински категории, вклучувајќи ја и селекцијата до 21 година, за која постигна пет погодоци.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
17мин
-
19мин
-
37мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5