Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро / Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Болсонаро има 48 часа да се оправда за наводниот план за азил во Аргентина

Врховниот суд на Бразил му наложи на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во рок од 48 часа да ги објасни наводите на федералната полиција дека планирал бегство во Аргентина за да избегне судење поради обвинувањата за организирање на обид за државен удар по изборниот пораз во 2022 година.

Судењето за наводниот обид за преземање на власта се очекува да заврши на почетокот на септември, а доколку Болсонаро биде прогласен за виновен, се соочува со повеќе од 40 години затвор.

Според документи објавени од бразилските медиуми, федералните истражители пронашле нацрт-барање за азил во мобилниот телефон на поранешниот претседател, упатено до актуелниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот