
Болоњезе сос по рецепт на најпознатиот италијански готвач Џенаро Конталдо
Болоњезе сосот е најпознатиот италијански специјалитет што потекнува од регионот Емилија- Романа, а денес е обожаван во целиот свет. Меѓутоа, овој сос често се прави погрешно, со премногу домати или се служи со шпагети.
Препорачано
Постојат многу начини за подготовка на болоњезе сос, но автентичниот рецепт на познатиот италијански готвач Џенаро Конталдо ни покажува како се прави едноставен и вкусен сос со само неколку основни состојки.
Болоњезе сос е класика на италијанската кујна, која има своја официјална верзија. Конталдо го збогатил со една состојка и постигнал совршен вкус.
Сосот болоњезе, имено, најдобро го впиваат таљателите, а може да се користи и при подготовка на лазањи. Џенаро својот болоњезе сос го сервира со таљатели.
Познатиот готвач го прави овој сос од концентрат од домати, со додаток на црвено вино, како и со разреден пилешки бујон, кој на сосот му дава совршена текстура и вкус. Џенаро нагласува дека се готви долго време на тивок оган.
Состојки:
– 50 мл маслиново масло
– 25 грама путер
– 1 кромид
– 1 стебленце целер
– 1 морков
– 150 грама панцета
– 200 грама мелено говедско месо
– 200 грама мелено свинско месо
– 200 мл црвено вино
– 2 лажички концентрат од домати
– 200 мл пилешка супа (бујон)
– 400 грама таљатели
Подготовка:
Во тава загрејте ги маслиновото масло и путерот, додајте ги кромидот, целерот, морковот и панцетата и динстајте ги на тивок оган околу 10 минути додека да омекне кромидот.
Додајте го месото и добро пропржете го.
Зголемете ја температурата, додајте го виното и оставете да испари.
Доматното пире разредете го со 100 мл бистра пилешка супа, па измешајте го во месото.
Намалете ја топлината, покријте го тенџерето со капак и гответе го болоњезе сосот на тивок оган најмалку 2 часа, мешајќи одвреме-навреме и додавајќи ја преостанатата пилешка супа за да не се исуши сосот.
Тргнете го сосот од оган и послужете го болоњезето со свежо сварените таљатели.