
„Боли што морам…“: Британската пејачка Лола Јанг се повлекува од јавниот живот, откако се струполи среде настап
Откако неодамна се струполи на сцената за време на настап во Њујорк, британската пејачка Лола Јанг одлучи да се повлече од јавноста за некое време.
Препорачано
Пејачката, чија песна „Messy“ стана многу популарна благодарение на социјалните мрежи Тикток и Инстаграм, ги откажа сите претстојни настапи откако нејзиниот пад за време на настапот на музичкиот фестивал „All Things Go“ на стадионот „Форест хилс“ ги загрижи обожавателите.
Во врска со ова, таа се огласи и на својот инстаграм-профил за да го оправда откажувањето на настапот и да се заблагодари за поддршката.
View this post on Instagram
„Заминувам на некое време. Боли што морам да откажам сè во догледна иднина. Ви благодарам за целата ваша љубов и поддршка. Многу ми е жал што ги разочарав сите што купија билет да ме видат, боли повеќе отколку што мислите. Очигледно ќе имате право на целосна наплата. Навистина се надевам дека ќе ми дадете уште една шанса кога ќе имам време да работам на себе и да се вратам посилна. Ве сакам сите“, напиша таа.
Додека таа соопшти дека се повлекува, доделувањето на наградите за музички видеа на Велика Британија во вторник го објави потесниот избор за 2025 година, а 24-годишната Јанг беше номинирана за најдобро поп-видео за песната „One Thing“.
Да потсетиме, поп-пејачката се онесвести додека ја пееше песната „Conceited“. Непосредно пред да се онесвести, Јанг имаше емотивно обраќање до публиката, алудирајќи дека се соочува со тежок период во животот.