Нов пункт во ПС ''Пролет'' за вадење на лични документи / Фото: „Слободен печат“- Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бојмацалиев: Повеќе од 33 илјади лични карти и 55 илјади пасоши чекаат печатење

Предност на одобрување и печатење даваме на 33 илјади лични карти, бидејќи со истечена лична карта не можат да се завршат личните потреби, вели Митко Бојмацалиев за Слободен печат.

Бојмацалиев вели дека отворањето на нови базни станици за сликање за лични документи е само за личен пиар маркетинг и го усложнува целиот процес.

„Имаме ситуација за која говорев уште првиот ден, не треба само да создаваме услови за сликање треба да го зголемиме и одобрувањето и печатењето на личните документи, за цел еден круг да биде затворен. Имаме над 55 илјади граѓани кои се сликале за пасош и 33 илјади граѓани кои се сликале за лична карта кои се уште не се одобрени за да отидат на печатењето. Процесот е сложен, и бара сериозна посветеност и не бара брзи потези за пиар маркетинг. За бројката да се зголеми за сликање беа повлечени базни станици од помалите места, што значи дека во внатрешноста процесот е завршен. Со овие базни станици кои се донесени во Скопје во суштина не можеме да ги испечатиме пасошите и личните карти за 15 дена. За жал имаме голем број на сликани но сепак немаме доволен број на машини за печатење“, изјави Бојмацалиев.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бојмацалиев: Напаѓачите на градоначалникот на Арачиново сè уште се на слобода

Митко Бојмацалиев вели дека Министерството за внатрешни работи било спремно да испечати над 2 милиони документи до предвидениот датум но немало заинтересираност од страна на граѓаните.

„Од 2021 кога сме започнале документи со новото уставно име заклучно со 12 февруари 2024 година МВР имало можност да испечати над 2 милиони документи, но немаше заинтересирано од граѓаните. Во тој период имавме партии кои повикуваа на бојкот и за жал граѓаните беа изманипулирани“, вели Бојмацалиев.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Лекарот Ацо Трповски бил убиен на друго место, а не во неговиот автомобил, тврди Бојмацалиев

Целото интервју на колешката Валентина Ангеловска погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот