
Бојата на автомобилот влијае на цената и брзината на продажба на половните коли
Нова студија открива дека при продажба на половен автомобил, бојата на автомобилот има големо влијание врз цената. Значи, бојата што ќе ја изберете може значително да влијае на губењето на вредноста на вашиот автомобил со текот на времето. Сепак, некои бои ја задржуваат својата вредност изненадувачки подобро од другите.
Препорачано
Во просек, едно половно возило губи околу 31 процент од својата продажна цена во споредба со новото по три години, а бојата е исто така фактор. Ова го тврди нова студија на консултантската компанија „iSeeCars“, која анализира како губењето на вредноста на автомобилот зависи од неговата боја.
Истражувањата покажуваат дека жолтата, портокаловата и зелената губат вредност побавно од другите бои. По три години, зелените автомобили изгубиле само 26,3 проценти од својата вредност. Портокаловите автомобили губат уште помалку, 24,4 проценти, а жолтите автомобили имаа најдобар резултат, со загуба од само 24 проценти.
Но, фактот е дека има малку такви автомобили бидејќи повеќето од нив се црни, сиви и бели, па купувачот кој сака автомобил во таа боја плаќа за него.
„Жолтата и портокаловата се меѓу најдобрите бои за зачувување на вредноста откако iSeeCars почна да бележи амортизација по боја“, рече Карл Брауер, извршен аналитичар во iSeeCars, според El Pais.
Од друга страна, автомобилот со златна боја е на другата страна од спектарот и губи најмногу вредност.
Но, за што всушност станува збор? Повеќето автомобили се црни, бели или сиви, токму затоа што овие бои се најбарани и за нови и за половни автомобили и имаат најголеми шанси за лесно продавање. Бидејќи, на пример, кој би купил портокалова или жолта Шкода Октавија? Никој освен еден купувач кој сака тие бои. Токму затоа тој еден купувач ќе плати повеќе за таков автомобил бидејќи може да има само еден таков. Затоа таквите бои имаат подобра цена и затоа сите црно-бели Октавии губат повеќе вредност според iSeeCars, бидејќи скоро сите се црни или бели пишува Jutarnji.hr- пренесува Бизпортал. Според анализата најмалку од вредноста губат жолтите автомобили само 24 отсто, а најмногу златната боја дури 34,4 проценти од вредноста