Бојан Христовски / Фото: МИА

Бојан Христовски од директор на „Градски паркинг“, преку МВР, до прв човек на Агенцијата за национална безбедност

Владата на вчерашната седница го разреши досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски. На новата функција Христовски доаѓа од Министерството за внатрешни работи

Христовски по локалните избори во 2021 година, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, краток период директоруваше со „Градски паркинг“, но поради недоразбирања на Данела Арсовска си замина од функцијата.

Сега веќе новопоставениот директор на АНБ до неодамна беше и претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, но од Владата велат дека Христовски ја напуштил партијата во 2023 година, но не прецизираат кога точно се случило тоа. Христовски на социјалните мрежи до неодамна споделуваше и објави во кои тој промовира одлуки на актуелната влада на премиерот Христијан Мицкоски.

За време на раководењето на Христовски со „Градски Паркинг“, во анкетниот лист кој го доставил до ДКСК пријавил дека поседува стан во Скопје, мотор „Пјаџо Беверли“ и автомобил „БМВ 320“.

Досегашниот директор на АНБ, Заре Милошевски беше назначен на функцијата во декември 2022 година од тогашната Влада на СДСМ и ДУИ. Пред Милошоски, со АНБ директоруваше Виктор Димовски.

Агенцијата за национална безбедност почна да функционира во 2019 година, по реформите кои беа спроведени во безбедносниот сектор, а со кои престана да функционира Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во рамки на Министерството за внатрешни работи.

Разузнавачите алармираат за предавство: Премиерот сака да ја укине АНБ и АР и да постави блиско лице на раководна позиција

Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е Бојан Христовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот