Благој Бочварски/Фото: Слободен печат/ Методи Здравев

Бочварски: Просечната плата во Хрватска е двојно поголема, Македонија мора да брза со развојот

Благој Бочварски, поранешниот министер за транспорт и врски од СДСМ, во емисијата „Само Вистина“ на „Канал 5“ рече дека приоритет на државата треба да биде економскиот напредок и подобрување на животниот стандард. Тој истакна дека просечната плата во Македонија е речиси двојно помала отколку во Хрватска, што е сериозен показател дека државата не се движи во вистинската насока.

„Приоритет е државата да се придвижи напред, а тоа може да се постигне само преку консензус и поддршка од сите политички чинители, вклучително и опозицијата“, рече Бочварски, нагласувајќи дека политичките партии треба да се фокусираат на решенија, а не на префрлување одговорност.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, исто така нагласи дека евроинтеграциите се суштински приоритет, но тие треба да се остварат на достоинствен начин, со почитување на критериумите од Копенхашкиот договор. Тој додаде дека и покрај позитивните оценки од европските лидери за реформите, внатрешни пречки ја кочат државата.

„Ние сме отворени за дијалог и соработка за суштински одлуки што ќе ја водат државата напред, сакаме признание и успех и дома и на меѓународната сцена“, заклучи Стојаноски.

Моника Зајкова, претседателка на ЛДП, во истата емисија рече дека наместо постојано да си ја префрлаат одговорноста, политичките партии треба да се фокусираат на решенија. Таа забележа дека државата веќе 30 години е во стагнација, а перцепцијата на граѓаните е дека состојбата од година во година се влошува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот