фото: Македонски олимписки комитет

Бобан Илиоски е европски шампион во кик бокс

Во финалето на Европското кик бокс првенство во Атина, Грција, македонскиот репрезентативец Бобан Илиоски триумфираше против Ерик Нивегловски од Полска.

Илиоски на тој начин успеа да ја одбрани титулата и златото од пред две години. Потсетување дека на ЕП за нашата земја бронзен медал донесе Стефан Михајловски.

Во категоријата лоу кик (-86 кг.) во финалната борба Илиоски со 2:1 триумфираше против Нивегловски.

Претходно во четвртфиналето македонскиот кикбоксер оствари победа (3:0) над Хрватот Петар Јаман, а во полуфиналнта фаза со 3:0 го совлада Филип Христос од Грција.

На Европското првенство настапуваат 982 кикбоксери ос 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот