
БМВ ги привлекува најлошите возачи
Вечната дебата за тоа која марка на автомобили ги привлекува најлошите возачи се чини дека конечно доби одговор. БМВ ги привлекува најлошите возачи. Студија покажува дека иако опасните маневри како што се пребрзото возење и престигнувањето можат да бидат проблем, токму малите маневри често ги откриваат лошите возачи, а на врвот на таа листа е некористењето на трепкачот.
Препорачано
Платформата DiscoverCars.com спроведе студија во која е анализирано однесувањето на возачите кај речиси 1.500 автомобили на раскрсницата, класифицирани по марка. Истражувањето откри дека возачите на BMW најчесто не користат трепкач, што ги потврдува долгогодишните стереотипи за возачите на овој германски производител. Дури 19,3% од возачите на BMW биле фатени во прекршок, што е три пати повеќе од возачите на Peugeot.
На второ место, со 14,7% прекршоци, се најде Mercedes-Benz, а на трето место Рено со 14,5%. Потоа се најдоа Audi и Vauxhall, и двата со 12,7% прекршоци- објави Каматица.
Изненадувачки, Фолксваген, Волво, Тојота, Хонда и Пежо исто така беа на листата, но со значително помал процент – само 6,7% од возачите на Пежо не користеле трепкачи.
Александарс Буракс, автомобилски експерт, ги коментираше резултатите:
– Возачите на луксузни автомобили веќе имаат лоша репутација кога станува збор за невнимателно возење, а нашето истражување покажува дека БМВ, Мерцедес-Бенц и Ауди се меѓу првите пет брендови чии возачи најчесто не користат трепкачи. Речиси еден од пет возачи на БМВ што ги набљудувавме не сигнализираа кога требаше. Меѓу преостанатите брендови во нашите топ 10, автомобилите од Волво, Тојота, Хонда и Пежо регистрираа помалку од 8% од ваквите случаи, што е значително помал процент. Сепак, дури и мал број возачи кои не ги вклучуваат трепкачите можат сериозно да го нарушат сообраќајот и да го направат возењето многу постресно и хаотично отколку што треба да биде- вели Буракс .