Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/KAY NIETFELD / POOL

Блинкен: Членките на НАТО може да испратат борбени авиони во Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека земјите-членки на НАТО имаат „зелено светло” да испратат борбени авиони во Украина.
Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, на прашањето дали Полска, како членка на Алијансата, може да испрати борбени авиони во Украина, тој рече дека Варшава има „зелено светло” за тоа.

„Всушност, разговараме со нашите полски пријатели за тоа како можеме да помогнеме ако одлучат да ги обезбедат тие авиони на Украина и како можеме да им помогнеме да ги заменат авионите што ги испратија во Украина”, рече Блинкен.

Портпаролот на Белата куќа претходно изјави дека американската администрација ја разгледува можноста да и надомести на Полска за авионите доколку таа одлучи да испрати борбени авиони во Украина, но истакна дека има неколку прашања во врска со тоа, вклучително и како авионите би можело да се префрлат од Полска во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот