Фото: ВТБ лига

Блескаше кога е најпотребно: Нено МВП во плеј-офот од ВТБ лигата

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ има одлична сезона во дресот на Уникс Казан со кој денес стигна до шампионската титула во ВТБ лигата.

До титулата Уникс стигна со победата од 4:1 против Локомотив Кубан, а токму во петтиот натпревар Димитријевиќ одигра фантастично постигнувајќи 34 поени. Одличен беше Нено и во претходните натпревари, па заслужено беше прогласен и за МВП во плеј-офот најсилната руска лига.

Вкупно во доигрувањето за Уникс Димитријевиќ одигра 15 натпревари и оствари просек од 15.8 поени, 5.3 скокови, 3.2 асистенции и 1.2 украдени топки по натпревар.

За Димитријевиќ ова е прв трофеј во сениорската кариера, а во рускиот тим настапува како позајмен играч од Валенсија. За очекување е по една ваква одлична сезона во Русија за Димитријевиќ да постои голем интерес од европските клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот