
Благоја Милевски пред отказ: Миодраг Божовиќ – Гроф ќе биде новиот селектор на Македонија?!
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор, така барем најавуваат српските медиуми. Поранешниот тренер на Црвена звезда Миодраг Божовиќ – Гроф ќе го замени Благоја Милевски и ќе се обиде да ја врати нашата сениорска селекција во борбата за пласман на следното Европско првенство 2024.
Препорачано
Искусниот стратег нема да има лесна задача на овој пат. Македонија е во група со два големи фаворити Англија и Италија, и Украина која чека шанса да дојде до едно од двете места кои водат на континенталниот шампионат.
Да потсетиме, освоивме исто толку бодови во првите три квалификациски натпревари, со стартниот триумф против Малта (2:1), и болен пораз од Украина на домашен терен по водството од 2:0 на полувремето (2:3) и убедлив пораз во Манчестер против Англија (7:0).
Тие резултати очигледно ги принудија првите луѓе од Фудбалската федерација на Македонија да му се заблагодарат на поранешниот селектор Милевски за соработката и да го заменат со познато тренерско име.
Доколку се покажат како точни ваквите информации, тогаш Божовиќ своето деби ќе го има на 9 септември кога на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Италија во европските квалификации.