Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Бјанка повторно парадираше по улиците во необичен стајлинг: Се обиде да ги „сокрие“ градите со пердуви и ѓердан од бонбони

Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, не се откажува од својот необичен моден стил. Овој викенд, фотографите имаа доста работа со двојката која шеташе низ Њујорк.

За активностите во саботата, Бјанка одбра црна проѕирна маица со долги ракави и ролка, кратки шорцови и сандали со високи потпетици со врвки под колената. Како и секогаш, Канје беше целосна спротивност во црна јакна, црни панталони и црни чевли, а сè тоа го комплетираше со очила за сонце.

За време на прошетката, тие застанаа во еден трговски центар, а за вечера, Бјанка го соблече црниот топ и облече кошула со јака украсена со црни пердуви. Не ја закопча, и како и обично, ги покажа градите.

Во неделата, таа беше фотографирана во уште една интригантна облека – бикини кое изгледа како да е направено од ѓердани од бонбони.

Се чини дека брачната криза на двојката е зад нив. Тие се разделија по скандалозното појавување на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите каде Ценсори го соблече крзненото палто и го покажа целосно проѕирниот мини фустан додека Вест стоеше и ја гледаше. Разделбата, барем според американските медиуми, беше поттикната и од фактот дека тој одлучил да продава производи со свастика на својата веб-страница и започна нов бран пораки полни со омраза на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот