Глодар
Глодар / Фото: Pexels/Pixabay

Бизарно: Германка живеела со 800 стаорци во нејзиниот дом

Љубителка на глодари живеела со најмалку 800 стаорци во нејзиниот дом во западната германска покраина Рајнланд-Пфалц. Тоа, секако, предизвикало интервенција на властите, јавуваат германските медиуми.

Имено, минатата недела Ветеринарниот завод на покраината фати и смести 400 од животните во куќата близу градот Алтенкирхен. Ветеринарите вчера спроведоа нов потфат и ослободија уште 400 стаорци. Соседите се жалеле на смрдеа, па се чини, надлежните имаат уште животни за „спасување“.

Според претставник на установата, тие постапиле со претпоставка дека жената е „зависна од собирање животни“.

Жената, според надлежните, очигледно верувала дека сѐ е в ред и не сфатила дека всушност не се справува и не ја контролира оваа состојба. Засега истражителите сѐ уште не одлучиле дали ќе поднесат обвинение против неа.

Германските здруженија за заштита на животните веќе ги згрижиле фатените стаорци и им обезбедиле ветеринарна нега. Се очекува тие „да најдат“ посвоители низ цела Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот