Фото: Flickr

Бизарен случај во Италија: Го запалила каминот, не знаејќи дека сопругот во него криел 20.000 евра

Иако божиќните и новогодишните празници обично претставуваат период во кој стресот е сведен на минимум, за еден брачен пар овој период од годината се претворил во голем кошмар.

Како што пренесува весникот „Il Messaggero“, бизарната ситуација се случила во Рим, во која еден маж одлучил, без да ја извести сопругата, да ја скрие заштедата во вид на обврзници во износ од 20.000 евра во каминот, бидејќи мислел дека тоа е безбедно место кое крадците никогаш нема да го пребаруваат.

Меѓутоа, работата која не ја предвидел е дека неговата сопруга ќе се одлучи токму сега да го запали каминот.

„Мојата сопруга не знаеше дека таму ги кријам. Секоја година, пред палење на каминот, ги ставам на друго место. Сега, кога го видов пламенот, сакав да се онесвестам“, изјавил мажот, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што наведува, не очекувал неговата сопруга да го запали каминот барем уште неколку дена со оглед на тоа дека температурите во Рим сè уште не барале дополнително греење.

Сепак, сопругата одлучила нешто порано да направи удобна празнична атмосфера, па го запалила каминот.

„Кога сопругот рекол што има во каминот, обврзниците веќе било невозможно да се спасат. За жал, двајцата сопружници ќе го паметат Божиќ 2022 година уште многу години, можеби и засекогаш, како еден од најлошите што некогаш ги доживеале“, пишува „Il Giornale“.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот