Тори Спелинг / Фото: EPA

Бизарен гест: Ѕвездата на „Беверли Хилс“ му ги подарила на поранешниот сопруг старите силикони за гради

Ова е навистина подарок од срце, односно подарок од гради. Ѕвездата на „Беверли Хилс“, Тори Спелинг откри дека еднаш му ги дала на својот поранешен сопруг Дин Мекдермот своите стари силиконски импланти како подарок „направи сам“ за нивната годишнина.

„Ги зедов старите импланти што ги имав – не мислам дека докторот требаше да ми ги даде, но сепак ги имав – и ги ставив во проѕирни кутии и ги направив држачи за книги“, рекла 52-годишната Спелинг во една епизода од нејзиниот подкаст.

„Ајде, луѓе, знаете дека сакам сè да правам сама. Никогаш не разочарувам“, додала актерката.

Дури и по разводот од Мекдермот (58), тој подарок е сè уште еден од нејзините омилени. Откако се разделија, нејзиниот поранешен сопруг ѝ понудил да ѝ ги врати. Иако малку се навредила од понудата, ја прифатила затоа што, како што вели, „тие се сè уште навистина добри пријатели и се одлични родители“.

Иако Мекдермот ѝ предложил да ги продаде на „Ибеј“, таа категорично рекла дека „никогаш не би го направила тоа“ – иако била љубопитна колку би можеле да вредат.

„Чекај, колку мислиш дека би можела да добијам за нив? Само сум љубопитна… Прашувам за пријателка“, се пошегувала таа.

Потоа Тори открила и дека има планови малку да ги „освежи“ сувенирите.

„Всушност, би сакала да ги обојам во бронза или нешто слично. Ако беа бронзени… би можела да ги претворам во тегови за хартија“, открила таа.

Инаку, поранешните сопружници Тори Спелинг и Дин Мекдермот се венчаа во мај 2006 година и имаат пет деца: синот Лиам (18), ќерките Стела (17) и Хати (13) и синовите Фин (12) и Бо (8). Тие се разведоа во 2024 година.

ВИДЕО | Ѕвездата на „Beverly Hills 90210“ евакуирана: Вооружен сосед држел заложник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот