Иван Чулакоски / Фото: Тикток / скриншот

Битолскиот советник Чулакоски откри дека преживеал срцев удар: Моето срце избра да продолжи

Советникот од независната листа „Поинаку“ во Советот на Општина Битола, Иван Чулакоски, на социјалните мрежи откри дека неодамна преживеал срцев удар.

„Животот знае да нè изненади со удари кои не ги очекуваме. Срцевиот удар е токму таков момент – страшен, болен и непредвидлив. Но токму тогаш, кога мислиш дека силата те напуштила, во тебе се буди најголемата храброст. Преживувањето не е случајност – тоа е доказ дека моето срце избра да продолжи. Секој нов ден после тоа е подарок. Секој здив е потсетник дека животот е драгоцен. Не сум слаб зашто паднав, туку силен зашто се кренав. Од сега па натаму, секоја секунда е моја шанса за подобар јас. Би сакал јавно да се заблагодарам на тимот од битолската болница, а посебно до директорката Ненси Лозанче за професионалноста и несебичноста да ме врати во живот“, пишува Чулакоски во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот