Фото: МВР

Битолчанец „пролетал“ низ Новаци со 104 километри на час, сега нема да вози некое време

Безобѕирен битолчанец вчера бил фатен како вози со 104 километри на час низ селото Новаци, по што веднаш е уапсен, соопшти МВР.

„На 06.09.2025 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 34-годишниот А.Џ. од Битола, кој со патничко возило „алфа“ со битолски регистарски ознаки возел со брзина од 104 километри на час низ населено место Новаци, каде ограничувањето е 50 километри на час. По документирање на случајот, против А.Џ. ќе следува кривична пријава за кривично дело „Безобѕирно управување на моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик на РСМ“, пишува во полициското соопштение.

Од МВР апелираат до возачите да ги почитуваат ограничувањата за брзина и да возат внимателно, за да се избегнат трагични последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот