СВР Битола / Фото: Горан Кокиновски / Google Maps

Битолчанец ги претепувал своите три деца, полицијата го уапси

На 29 октомври 2024, во 16:50 часот, претставници од Центарот за социјални грижи (ЦСР) Битола дојавиле до СВР Битола за сериозен случај на семејно насилство, откако во едно од основните училишта во градот било забележано дека ученик се појавил со видливи телесни повреди. Поради сомнеж за семејно малтретирање, тим од ЦСР заедно со училишниот стручeн кадар веднаш интервенирале и извршиле разговор со мајката и сите три деца, кои се ученици во второ, четврто и осмо одделение.

Во текот на разговорите, децата отворено сведочеле дека нивниот татко, идентификуван како Џ.Е. (43) од Битола, секојдневно ги тепал и малтретирал. На основа на нивните изјави и спроведените проверки, полициски службеници од СВР Битола веднаш реагирале и во 20 часот истиот ден го уапсиле осомничениот татко. Против него е поднесена кривична пријава согласно член 201 од Кривичниот законик за „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот