
Битка кај Киев: Жестоки борби во преградијата , руска војска на 30 километри од градот
Во Киев одекнуваат експлозии од 4.30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека рускиот авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади. Во запалените згради има повредени. Украинскиот претседател ги потврди информациите за руски ракетни напади во Киев.
Препорачано
Од вчера се водат жестоки битки. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, а ги поддржуваат сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.

Руските воздухопловни трупи ја презедоа контролата врз аеродромот Гостомел, но украинскиот лидер, претседателот Володимир Зеленски вети дека ќе бидат опколени и поразени, пренесува France24.
– Непријателските падобранци во Гостомел беа блокирани, а на војниците им беше наредено да ги уништат, рече Зеленски во видео обраќањето.
Претходно новинарите на АФП видоа дека хеликоптери кои летаат ниско над градот од север, а врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни потврди дека во тек се борбите за аеродромот Гостомел“.
Аеродромот Гостомел, кој се наоѓа веднаш до аеродромот Антонов, е лоциран на северната граница на Киев, а борбите се најблиску до главниот град на Украина.

– Базата таму чади, бомбардирана е, нашите куќи се во близина. Не знаеме каде да трчаме, моите родители се тука, сестра ми. Таму има руски војници, сопштија очевидци за западните медиуми