Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја промовира изборната програма на СДСМ / фото: СДСМ

Битиќи: Ќе воведеме електронска лична карта

Во овие етири години работевме за покачување на пензиите и за платите и на новата пресметка на истите кои гарантираат зголемување секоја година, без политичко пазарење. И во тоа успеавме, затоа што истовремено ги јакневме и домашните компании. Од целосно заборавени со нула исплатена финасиска поддршка кон нив, ние ги поддржавме со 100 милиони евра. А денеска кажувам, во следните 4 години, домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра, рече вицепремиерот за економски прашања и коносител на листата во ИЕ2, Фатмир Битиќи на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој кажа дека ова е дуплирање на финанската поддршка кон домашните компании од претходниот мандат и дека заедно со нив ќе продолжи да јакне домашната економија, со јавни инвестиции од 3,5 милиони евра.

– Дел од нив, секако вложени и во праведна енергетска транзиција, стабилност и енергетска независност. Домашното производство на електрична енергија ќе го зголемиме за 70 отсто. Домашно производство од гас, чисти и обновливи извори. Кое никако, ама никако нема да биде од штетните мали хидроцентрали. За нив велиме засекогаш не, како и за сите фосилни технологии кои ни го загадуваат воздухот и почвата – рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека во новата програма на СДСМ исто така се работи и на целосно дигитализирани јавни услуги, затоа што само со навремена и успешна дигитализација може да се постигне посакуваниот развој.

– Во овој мандат, ќе ја воведеме електронската лична карта  МК-еИД (македонска елентронска ај ди карта). Со неа ќе се намалат бирократските пречки. Граѓаните и граѓанките ќе добијат заштитени и дигитализирани лични податоци – рече Битиќи.

И тој најави дека до 2028 година просечната плата ќе изнесува 1.100 евра, а минималната ќе достигне 600 евра.

– За ова да го постигнеме, нема да го преоптовариме бизнисот. Затоа велиме, 0 отсто данок на личен доход за минимална плата. Ова ќе донесе достоинствен стандард за граѓаните, ќе ја зголеми продуктивноста, но истовремено ќе ја намали и сивата економија – рече Битиќи.

Тој додаде дека со влезот во ЕУ, просечната плата ќе порасне на 1300 евра, додека минималната ќе се искачи на 800.

– Добро платени, задоволни работници, кои ќе имаат европски стандард, дома. За тоа работиме, тоа ни е задача и таа ќе ја исполниме. Заедно со, досега најниска невработеност од 7  отсто до 2028 година – рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека во следните четири години СДСМ ќе работи и ќе сработи за економија која се потпира на четири столба – човечки капитал, висока продуктивност, конкурентсно и иновативност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот