
Бислимовски: Нема да има промени во блок тарифите за струја
Првиот човек на Регулаторната комисија Марко Бислимовски за телевизија 24 Вести рече дека намалувањето на субвенциите е логичен след на околности поради тоа што годинава по завршувањето на минатата грејна сезона и стабилизирањето на цените на струјата, нема потреба од ТЕЦ Неготино, и завршиле набавките на мазут.
Препорачано
– Имаме постабилна ситуација во однос на цената на струјата на слободниот пазар кај нас и во регионот, кога може да се купи струја на слободниот пазар. Во тој дел потребите кои требаше да ги обезбеди ЕСМ, обезбедуваше за универзалниот снабдувач, за малите потрошувачи и домаќинствата, загубите во дистрибутната и преносната мрежа, сега се обезбедуваат на слободниот пазар по цени кои се многу пониски. Оттука се должи на тоа што се намалуваат субвенциите за ЕСМ. Карактеристично за ЕСМ е дека трета година ЕСМ по лошата 2021 година, го зголеми производството на струја во 2022 и очекуваме сега да биде над 4 милијарди киловат часови. Од тоа аспект нема потреба да се даваат толку пари, зошто сите трошоци се намалени. До крајот на годината ќе носиме нова цена на струјата во однос на бројот на вработени во секторот за топлинска енергија.
Блоковите и нивниот опсег нема да се намалат уверува Бислимоски. По информациите дека ММФ препорачува да се интервенира во третиот и четвртиот блок Бислимоски ја исклучува оваа опција и тврди дека реформата дава резултати, оние што трошат помалку, плаќаат помалку. Во однос на најавата дека ММФ бара намалување на субвенциите објаснува дека трансферите кон ЕСМ ќе се намалат затоа што ТЕЦ Неготино нема да се употребува.
– Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16%. Дури и тоа што беше потопла зимата им удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е дека потрошувачката е намалена.”- рече Бислимовски.