
Бислимоски: Уште не се завршени анализите за новата цена на струјата
Во однос на цената на струјата, има дел што го регулира Регулаторната комисија за енергетика и за тој дел таа ќе даде отчет уште наредната недела, но крајниот износ ќе се донесе откако ќе завршат тендерите за купување струја за загуби во мрежата, како и анализата на универзалниот снабдувач за купување струја од државната ЕСМ.
Препорачано
– Готови се пресметките на Регулаторната комисија за енергетика за најголемиот дел од трошоците за компаниите што ги регулираат, тоа е МЕПСО, во делот на преносот на електрична енергија и електродистрибуција во делот на дистрибуција на електрична енергија, како и МЕМО, кој е оператор на пазарот на електрична енергија, е готова. Но, најбитниот дел од трошоците, најголемиот, кој што има влијание на цената, е трошокот за загуби на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа. Тендерот за загубите во дистрибутивната мрежа финишира, а тендерот за загубите во преносната мрежа ќе биде во текот на следната недела. Затоа, не би шпекулирал колку и каква ќе биде цената и за пренос и за дистрибуција на електрична енергија. Значи, ние прво треба да ги определиме овие цени, а потоа, откога ќе ги определиме овие цени, универзалниот снабдувач врз основа на трошокот, што го има за набавка на електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, ќе направи пресметка и ќе достави на контрола во Регулаторната комисија за енергетика. Тоа очекувам да биде некаде во првата половина на декември и целиот овој процес да го завршиме. Во однос на тој дел ние што го регулираме, Регулаторната комисија за енергетика во следните неколку денови ќе ја информира јавноста за своите одлуки – изјави Бислимоски во интервјуто за емисијата „Слободен печат“.