Бишев: Дијагноза имаме, терапијата се дискутира

Фискалниот совет предложи од 2026 година да се зголеми старосната граница на 67 години, како и да се зголеми стапката за пензиски придонес. Од Владата најавија дека сега не се размислува за вакви решенија. На новинарско прашање, како тогаш ќе се реши проблемот со пензиската дупка, Глигор Бишев, претседател на Фискалниот совет, рече: „Дијагноза имаме, терапијата се дискутира“.

-Дијагнозата е заедничка, постои консензус дека постои недостаток на средства. Сега останува да се утврди терапија, таа се дискутира. Ние не семе замена за носителите на економските политики. Тоа е за една поширока дебата од која треба да излезе решение кое треба да се усвои од носителите на политиките – рече Бишев кој присуствуваше на презентацијата на извештајот на Светска банка.

Ако не се најде решение Фондот за ПИОМ долго треба да се финансира од буџетот, а станува збор за големи пари.

-Исплатите за пензии кои учествуваа со 8,8 проценти од БДП, оваа година достигнуваат околу 10,3 проценти, а со најавеното зголемување догодина ќе биде 11,5 проценти од БДП. Значи, за да се зголеми учеството на пензиите во БДП, треба нешто друго да се намали – вели Бишев.

И од Светска банка посочија дека мора да се најде решение за пензиската дупка. И тие предлагаат зголемување на пензискиот придонеси постепено зголемување на старосната граница за пензионирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот