Билјана Ивановска. поранешна претседателка на ДКСК / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Билјана Ивановска ја отфрли понудата на Oбвинителството – утре ќе оди на распит

Кандидатката за градоначалничка на општина Центар Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на распит да се јави по завршувањето на локалните избори на кои таа ќе учествува, туку ќе оди на распит утре, објави „Независен“.

Според она што го изјави за „Независен“, Ивановска утре напладне ќе оди на распит во Обвинителството, за да даде изјава околу кричината пријава за која не знае од кого е и за што, а Обвинителството не знае дали воопшто има основа за неа.

Инаку Ивановска доби покана да се појави на распит пред обвинител, 11 часа откако ја обзнани кандидатурата и тоа на начин што полициски службеници ѝ ја врачија поканата на домашна адреса. Обвинителството тврди дека кривичната пријава за која преземаат дејства за да ја испитаат нејзината основаност е поднесена на 18 февруари годинава. По реакциите од јавноста на Ивановска ѝ беше оставена можност да се јави на распитот по завршувањето на изборите, понуда што таа ја одби.

-Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, реагираше Ивановска по овој настан.

Билјана Ивановска е поранешна претседателка на Државната комисија за спречување корупција и ревизор на ИПА фондови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот