Фото: Архива

БиХ има најмногу загадувачки термоелектрани во Југоисточна Европа

Најголемиот број електрани на јаглен во Југоисточна Европа кои произведуваат електрична енергија со користење на застарена технологија на јаглен се наоѓаат во Босна и Херцеговина, а ова загадување на воздухот е водечка причина за смрт кај 3.000 луѓе годишно.

Од шесте електрани на јаглен кои најмногу го загадуваат воздухот во Југоисточна Европа, четири се во Босна и Херцеговина, според најновиот извештај за 2024 година од мрежата на еколошки организации Бенквоч, Центарот за животна средина и Центарот Архус, пренесува Ал Џезира.

Нивните емисии на сулфур диоксид се дури 11,3 пати повисоки од дозволените. Најголеми загадувачи се термоцентралите Угљевик, Гацко, Тузла 6 и Какањ 7, кои продолжуваат да испуштаат опасни гасови и прашина во атмосферата.

Термоцентралата Угљевик, која се наоѓа на околу дваесет километри од Бијелина, е апсолутен негативен рекордер во регионот, со испуштање дури 112.943 тони сулфур диоксид во 2024 година. Во исто време, најголем загадувач на прашина во регионот во 2024 година беше термоцентралата Гацко во источна Босна и Херцеговина, која испушти 3.339 тони, или 13,7 пати повеќе од дозволеното количество.

Дополнително, се наведува дека загадувањето со азотни оксиди од термоелектраните на јаглен е во пораст, кое повторно ги надмина максимално дозволените граници.

Загадувањето од термоелектраните не е само еколошки проблем – туку претставува сериозен здравствен ризик.

УНИЦЕФ известува дека 20 проценти од децата во земјата страдаат од респираторни проблеми, а долготрајната изложеност на загадување може да има сериозни ефекти врз развојот на белите дробови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот