Фото: Архива

БГНЕС: Скопје го откажа чествувањето на Гоце Делчев

Утре, 4 февруари, кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, македонската страна нема да биде присутна на потребното политичко ниво на положувањето венец на бугарската делегација предводена од бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Богослужбата ќе биде во црквата Свети Спас во Скопје, јави бугарската агенција БГНЕС.

Официјалното објаснување од скопските власти е дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачески се во странство. Засега нема информации дека некој од нив ќе се врати порано за да учествува во заедничката богослужба, пишува БГНЕС.

„Слободен печат“ чека одговор од Владата дали ваквата информација е точна, односно дали е откажано чествувањето од македонска страна и ако не е, кој ќе биде во македонската делегација.

Претходно, претпладне делегација на Собранието, предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, во состав Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска, по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, во 10 часот, ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Како што соопшти бугарската владина прес служба, премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање. Заедно со него ќе биде и в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски.

Бугарскиот премиер Петков, за време на минатонеделното обраќање пред пратениците, најави дека Бугарија и Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Копретседателот на Мешовитата комисија Драги Ѓорѓиев, во интервју за Телма оцени дека одлуката за заедничко честување на Гоце Делчев меѓу Македонија и Бугарија е политичка и дека комисијата нема никаква улога во нејзиното носење. Ѓоргиев посочи дека таа одлука ја гледа како гест на добра волја од страна на двете влади за да ја релаксираат политичката атмосфера во двете земји.

Влада: Не е точно дека е откажано заедничкото чествување на Гоце Делчев во Скопје

Захариева: РСМ треба да се реформира, гаранциите мора да се вклучат во Рамката за преговори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот