Марта Кос / EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Без владеење на правото Македонија и земјите од регионот не можат во ЕУ, порача Кос

Еврокомесарката Кос порача и дека членките на ЕУ се потпираат на владеењето на правото, кое вклучува независно судство, избори и медиуми, и дека земјите кои се стремат кон членство, но не можат да гарантираат одредено ниво на владеење на правото, не можат да се приклучат кон Унијата.

Останува загрижувачко владеењето на правото во земјите кандидатки, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос вчера пред новинарите на конференцијата на Советот за општи работи на ЕУ, а по дискусијата на министрите од неколку земји членки и земји кандидатки за владеењето на правото во ЕУ.

Според неа продолжува мешањето во судските постапки, притисокот врз службените лица кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулаторни тела, што, како што нагласи таа е неприфатливо.

„Јасно е дека ако кандидатите не го почитуваат спроведувањето на владеењето на правото во своите земји, тие нема да можат да бидат членки на Унијата“, рече Кос.

Со Советот моментално претседава Данска, а нејзината министерка за европски прашања Мари Бјер изјави дека владеењето на правото во ЕУ во моментов е нејзина најважна вредност. Бјер изјави дека за време на дискусијата, министрите разговарале за состојбата на владеењето на правото во земјите од Западен Блкан, со осврт на извештајот објавен на оваа тема од страна на Европската комисија (ЕК) во јули годинава.

На дискусијата на Советот на ЕУ присуствуваа и министрите за европски интеграции на Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија.

Министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, во обраќањето рече дека извештајот за владеење на правото 2025 за Северна Македонија потврдува реален напредок, но и дека истовремено остануваат предизвици кои не смеат да се игнорираат.

Еврокомесарката Кос порача и дека членките на ЕУ се потпираат на владеењето на правото, кое вклучува независно судство, избори и медиуми, и дека земјите кои се стремат кон членство, но не можат да гарантираат одредено ниво на владеење на правото, не можат да се приклучат кон Унијата.

Таа, исто така, изјави дека земјите од Западен Балкан во моментов се „во центарот на процесот на проширување“ и дека владеењето на правото им гарантира слобода и сила во тој процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот