
„Бев силувана!“: Поранешната ѕвезда на „Дизни“ ги откри траумите од детството во Холивуд
Актерката Алисон Стоунер (32), поранешна ѕвезда на „Дизни“, неодамна ги објави своите мемоари „Делумно прилагодена и покрај, буквално, сè“ (Semi-Well-Adjusted Despite Literally Everything) и проговори за тешките искуства низ кои минала како дете во филмската индустрија.
Препорачано
Во книгата, Стоунер опишува како уште како тинејџерка била изложена на сексуализација и притисоци од страна на луѓето кои биле задолжени за кастингот, кои барале од неа да ги „заведе“ уште на 13–14 години.
„За младо женско тело постоеше очекување дека знае како да ги сексуализира своите улоги. Тоа беше бизарно и застрашувачко – соба по соба, лица за кастинг, а јас како дете требаше да им одговорам на тие барања“, сведочи таа.
Холивуд, како што открива, строго го контролирал и нејзиниот изглед – ѝ било наложено да избегнува сонце за да не потемни, а опсесијата со „совршено тело“ во тинејџерските години ја довела до ригорозни тренинзи и екстремно намалување на калориите, што резултирало со прекин на менструацијата на само 17 години.
Во мемоарите зборува и за обид за киднапирање под изговор на средба со наводно тешко болен обожавател, како и за силување кое се случило по еден велнес-настан, кога, според неа, напаѓачот бил „ценета личност во заедницата“.
„Последното што го видов беше постер со мачка која скока на плен. Потоа ја изгубив свеста и тој ме силуваше“, напиша Стоунер.
По овие трауматични искуства, таа се повлекла од глумата и му се посветила на менталното здравје и на борбата за заштита на правата на децата во индустријата. Опишува и како одбивањата на аудициите влијаеле врз нејзината самоперцепција: „Кога сте производ, постојано се прашувате што не е во ред со вас. Одбивањето боли, но дури и кога ќе ве изберат, самодовербата останува врзана за таа одлука“.
Денес, Алисoн Стоунер продолжува да глуми и неодамна се врати во анимираната серија „Фиќа и Феѓа“ (Phineas and Ferb), по неговото повторно обновување.